Претседателот на Јувентус Андреа Ањели многу брзо стана еден од најомразените луѓе во светот на фудбалот.
За официјализирањето на Европската Суперлига ќе се зборува со денови. Во овој момент имаме 12 клубови како основачи.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Милан, Арсенал, Атлетико Мадрид, Челси, Барселона, Интер, Јувентус, Ливерпул, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Тотенхем се клубовите кои го потврдија учеството.
Европскиот фудбал посебно е лут на првиот човек на Јувентус, Андреа Ањели кој заедно со Џоел Глејзер од Манчестер Јунајтед ќе биде потпретседател. Прв претседател ќе биде Флорентино Перез.
Но, Ањели е најмногу критикуван. Претседателот на Јувентус по официјализацијата на Суперлигата си поднел оставка од местото во ЕЦА организацијата која соработува со УЕФА, така го напуштил и своето место во комитетот на УЕФА.
Претседателот на УЕФА, Чеферин е посебно разочаран од ваквиот потег на Ањели, се наведува дека Андреа бил и кум на неговото дете. Двајцата биле блиски соработници, меѓутоа Ањели сега ја сменил страната и станал десна рака на Флорентино Перез.
Одредени медиуми пренесуваат дека Ањели имал договор со Чеферин Јувентус да не се придружи на Суперлигата во наредните 10 години, а италијанската Серија А да добие инвестиција од 1.7 милијарди евра која би била наменета за реконструкција на стадионите. Таа клазула вчера беше прекршена.
Ањели очигледно добро го изиграл Чеферин…