Новак Ѓоковиќ ја мина и последната пречка во Париз и со денешната победа против Бугаринот Димитров го освои Мастерсот во Париз.
Димитров не беше дораснат да приреди изненадување, српскиот тенисер до новата титула стигна со сигурни 2:0 во сетови. Најдобриот бугарски тенисер добро се држеше на почетокот на финалето.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На стартот од мечот Димитров имаше одговор за тешките удари на Ѓоковиќ, меѓутоа кога сетот влезе во клучните гемови, Ѓоковиќ ја покажа класата. Во седмиот најдобриот светски тенисер го освои првиот брејк, ап отоа ја искористи втората сет топка за 6:4 и 1:0 во сетови.
Публиката место со аплаузи и во овој меч му испраќаше свирежи, меѓутоа таа атмосфера како да го мотивира Ѓоковиќ. Во вториот сет Ѓоковиќ попушти во петтиот гем. Ѓоковиќ одлично ја искористи слабата игра на противникот во овој период и одигра сигурно до крајот за 6:3 и конечна победа.