Вчера фудбалерите на египетскиот Ал Ахли полни со самодоверба допатуваа во Тунис на реванш натпреварот од финалето во афричката Лига на Шампиони.
После победата од 3:1 на свој терен, Ал Ахли беше скоро сигурен дека во реваншот против Есперанса само ќе ја потврди титулата шампион на афричкиот континент, но тоа не се случи.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Првиот натпревар во Египет беше проследен со бројни контроверзии, Тунижаните се жалеа на судењето, тренерите и играчите на противничкиот тим, организаторите, но ништо не им помогна.
Тензии го обележаа и реваншот. Автобусот на Ал Ахли бил нападнат на патот до стадионот на Есперанса, а еден гостински фудбалер се здоби со повреда. Сепак, натпреварот започна во планираниот термин, а Есперанса приреди вистинска сензија.
Се тресеше стадионот кога Бгуир во судиското продолжение од првиот дел погоди за водство од 1:0, се тресеше и кога истиот играч зголеми на 2:0 во 54-тата минута. Вистинска „експлозија“ настана кога во 86-тата минута Бедри после еден одличен соло продор ја потврди победата во двомечот.
Esperance claw their way back from 1-3 to make it 3-3 on aggregate in the 2nd leg of the CAF Champions Legaue final. As it stands Esperance will win except Al-Ahly find a goal. Crazy game! pic.twitter.com/ua0SyRWDiB
— Mootaz Chehade (@MHChehade) November 9, 2018
https://youtu.be/nRYCIgJaOS8