Дома Фудбал Останато Каков „пациент“: Ја зема топката и се дриблаше самиот со себе! (ВИДЕО)

Каков „пациент“: Ја зема топката и се дриблаше самиот со себе! (ВИДЕО)

Играчите кои влегуваат од клупата за резерви секогаш сакаат да ја искористат секоја прилика за да се докажат на теренот.

Но, она што го направи играчот на Орланди Пиратес, Табо Калинга не се гледа секој ден.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Неговата екипа го играше последниот натпревар од првенството против тимот на Полокване и славеше со 3:0, така сезоната тие ја завршија на втората позиција.

Клаинга доби шанса од клупата за резерви кога неговиот тим имаше сигурна предност, а во продолжението одлучи да направи свое шоу.

Топката беше во негов посед и некој од противничките играчи не се наоѓаше во негова близина, тогаш Калинга без причина започна да ја прескокнува топката додека таа се движеше.

Во продолжение погледнете како изгледаше сето тоа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Грилиш повеќе нема да тренира со првиот тим на Манчестер Сити

Џек Грилиш се согласи да тренира одделно од своите соиграчи во Манчестер Сити и на тој нач…