Девин Канади, кошаркарот на Орландо заработи тешка повреда на натпреварот против Индијана. Еден скок во дуелот со противнички играч заврши страшно за него.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Канади ја скрши ногата при падот на паркетот, а притоа почна да вреска од болка, по што брзо реагираше и медицинската екипа, која го изнесе на носилки од теренот.
Ова е втора тешка повреда во краток период во НБА-лигата, откако неодамна на сличен начин се повреди и Дени Авди, но имаше повеќе среќа и ќе паузира само во завршницата од сезоната.