ФИФА денес ги соопшти имињата на 36 главни арбитри и 63 помошни, кои ќе ја делат правдата на СП во Русија ова лето.
Тие доаѓаат од сите населени континенти, од 46 државо ширум светот, а интересно е што ниту еден не е од Англија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, Англија не е единствениот учесник на СП без судија на истото. Ист е случајот и со Португалиија, Белгија, Австралија и Јужна Кореа, иако во најсилните лиги на сите на овие земји е воведена ВАР технологијата.
ВАР не беше критериум, со оглед на тоа дека во некои од земјите учеснички не е воведен, како на пример во Германија. Во некои земји кои учествуваат не постојат услови да заживее, па сепак арбитри од некои од тие груши ќе ја делат прабдата на најголемото фудбалско натпреварување.
Интересно е што двајца судии од МЛС ќе ја делат правдата на Мундијалот, така што САД сепак ќе има претставници во Русија.
„Изборот е заснован на вештините и личностите на секој судија, како и нивоата на разбирање на фудбалот и способноста на читање на играта и различните услови“, се наведува во соопштението на ФИФА.