Дома Топ вести Какво предавство: Преговара за заминување, а Барса не знае за тоа

Какво предавство: Преговара за заминување, а Барса не знае за тоа

Според наводите на шпанскиот медиум „Don Balon“ еден од играчите на Барселона наводно веќе преговара за заминување од „Камп Ноу“, а тоа би можело да предизвика вистинска бура кога се во прашање трансферите ова лето.

Имено, како што наведува истиот извор, новиот тренер на Валенсија Марселињо веќе преговара со Денис Суарез. Овој тандем веќе работеше заедно во Виљареал минатата сезона и одилично се познаваат. Играчот за врска оваа сезона се врати на „Камп Ноу“ но не доби голема минутажа за да ги покаже своите квалитети.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Минатото лето Валенсија и Барселона договорија два трансфери (Пако Алкасер и Андре Гомеш) кои пристигнаа на „Камп Ноу“. Ова лето ситуацијата може да биде обратна бидејќи главна трансфер цел на „лијлаците“ е токму Денис Суарез.

Покрај тоа Валенсија ќе има опција ова лето да го откупи договорот на уште еден играч на Барса, Мунир за 12 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…