Во летниот преоден рок видовме вистински егзодус на познати фудбалски имиња од Европа кои се преселија во Саудиска Арабија за богати понуди.
Понудите на саудијците беа астрономски, а Кристијано Роналдо кој прв уште во јануари направи трансфер во оваа земја веќе најави дека лигата во Саудиска Арабија за неколку години ќе биде помеѓу најсилните во светот.
Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓
Претходно Кина беше земја која нудеше богати понуди, но тој тренд брзо се заврши. Во тој период еден од фудбалерите кои се преселија во Кина беше Аксел Витсел, сезоната 2017/2018, Белгиецот ја одигра во Тијанин Куанџиан.
„Во Кина и Саудиска Арабија се оди поради пари. Не лажете и не зборувајте дека сте таму поради некакви проекти“, изјави Витсел.