Фудбалерот од средниот ред на Борусија Дортмунд, Аксел Витсел со сигурност нема да го носи дресот на „милионерите“ и следната сезона. Според најавите кариерата Витсел ќе ја продолжи во САД.
Самиот Витсел после поразот од Бохум за викендот (3:4) изјави дека заминува од „Сигнал Идуна Парк“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Тука запознав одлични луѓе, поминав фантастични сезони, но сепак нема да играм за Борусија Дортмунд следната сезона“, изјави Белгиецот.
Од МЛС лигата интерес за Витсел покажаа екипите на Лос Анџелес Галакси, ФК Лос Анџелес и Сент Луис Сити.