Шпанскиот менаџер на клупата на Њукасл е на чекор да доведе фантастично засилување во редовите на Њукасл.
Управата на Њукасл ќе се обиде во финишот од преодниот рок да го доведе својот поранешен фудбалер Енди Керол.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Напаѓачот на Вест Хем повеќе не е во прв план кај Славен Билиќ, проблем беа повредите поради кои од доаѓањето во Лондон одигра 52 натпревари. Керол сега се врати на терените и оваа недела започна со редовни тренинзи, па така наскоро би можеле да очекуваме да го гледаме на терените во Премиер лигата.
Утрово во англиските медиуми се појави вест за негово враќање во редовите на Њукасл, каде што беше вистински херој и миленик на навивачите.
Newcastle move to bring back Andy Carroll, reports the Sun. Do you reckon that's good #TransferNews for #NUFC ?? pic.twitter.com/hEWY37tMJ2
— Soccer Sixes (@SoccerSixesS6) August 20, 2017
Во продолжение да се потсетиме како Керол ги тресеше противничките мрежи во дресот на Њукасл.