Дома Видео Каде е момчето кое пред седум го праша Роналдо што треба да направи да игра со него? 🎥

Каде е момчето кое пред седум го праша Роналдо што треба да направи да игра со него? 🎥

Кристиано Роналдо пред седум години беше во посета на Јапонија каде што претставуваше еден производза убавина под името „Facial Fitnes Pao“.

Роналдо тогаш беше главна вест во Јапонија, а едно момче имаше прилика да зборува со него. Станува збор за Лојт Ивоки кој дури се потруди да зборува на португалски со Роналдо. Во таа прилика тој побара совет од Португалецот. Тој го праша што треба да направи за еден ден да игра со него.


Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓


Одговорот на Роналдо беше прилично љубезен.

„Не знам зошто му се смеат? Навистина добро зборува португалски, се гледа дека се трудиш. Треба да веруваш во себе и да работиш напорно. И немој да ја пропуштиш шансата кога таа ќе ти се укаже“, му порача Роналдо на ова момче.

Неколку години подоцна Ивоки повторно се најде во центарот на вниманието и фудбалот баш и не му оди како што очекуваше. Беше на проби во неколку јапонски клубови, а во овој момент е член на екипата Јаманашу Гакуин на универзитетот во градот Кофу.

Тој игра за првиот тим на овој универзитет и се уште верува во својот сон.

„Не сум го заборавил она што Ронлдо ми го кажа пред седум години. Неговите зборуваше секогаш ќе ги паметам“, изјави Ивоки.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Официјално: Ван Нистерлој е нов тренер на Лестер

Тоа што се најавуваше изминатите денови сега доби официјална потврда – Руд ван Нисте…