Дома Македонски спорт Мак баскет Кадетките ја прегазија Ерменија: Победа со 70 поени разлика!

Кадетките ја прегазија Ерменија: Победа со 70 поени разлика!

Женската кадетска репрезентација на Македонија продолува со одличните настапи и победи на ФИБА „Челенџер“ турнирот во Тбилиси. (92:22)

По ден предвиден за одмор, нашите млади кошаркарки славеа убедлива победа во средаата против Ерменија од дури 70.поени разлика.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Тоа е и рекордната победа на една наша младинска репрезентација во европските натпреварувања.

И трет триумф по ред за избраничките на селекторот Никола Златев на „балонот“ во главниот град на Грузија.

А токму селекцијата на Грузија ќе биде нашиот следeн противник во натпреварот кој е закажан за сабота, од 17. часот.

На дуелот со нерамноправниот противник, уште во првиот период направивме (17:2), што беше јасен показател за квалитетите на двете селекции. Најубедливи, нашите кадетки беа во третата чевртина која ја реализираа во своја корист со (32:4)

Фото: КФСМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Вардар го совлада Охрид за „три од три“ во плејофот на Суперлигата

Ракометарите на Вардар забележаа значајна победа против тимот на Охрид во рамките на плејо…