Дома Фудбал Англија Кавани се мачи со повреда од почетокот на сезоната

Кавани се мачи со повреда од почетокот на сезоната

Eдисон Кавани изјави дека се мачи со повреда од почетокот на сезоната.

Само два пати Кавани беше стартер за Манчестер Јунајтед оваа сезона, а тоа е само една од причините што Оле Гунар Солскјер добива критики од јавноста. Во разговор за уругвајскиот „Ел Обсерватор“ Кавани откри дека причината за малата минутажа во Јунајтед била повреда.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


„Од почетокот на сезоната чувствувам непријатности во предолто на препоната. Поради тоа отсуствував од почетокот, па малку по малку почнав да влегувам во гира“, изјави Кавани мислејќи на првиот старт на сезоната во натпреварот против Евертон.

Во октомвриската пауза Кавани одигра 90 минути во сите три натпревари за Уругвај за потоа да биде стартер и за Јунајтед против Тотенхем.

„На репрезентативните собири цело време доаѓав со мала болка, но со надеж дека тоа конечно ќе помине. Работите одеа во добар правец, но ситуацијата се влоши после мечот со Тотенхем. Тоа се комплицирани повреди затоа и одлучив да почнам со терапии пред повторно ситуацијата да стане полоша“, изјави Уругваецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал го плати 50 милиони евра, па го продава по една сезона

Реал Мадрид под новото водство на тренерот Чаби Алонсо отпочнува нова фаза. Тимот покажува…