Во самата завршница од преодниот рок Манчестер Јунајтед во своите редови го доведе Едисон Кавани.
Кавани во Јунајтед пристигна како слободен играч откако му заврши договорот со ПСЖ. „Црвените ѓаволи“ претставија понуда која Кавани ја прифати, а ќе видиме дали Уругваецот ќе ги исполни очекувањата кои на „Олд Трафорд“ ги имаат од него. Дека клубот има големи очекувања покажува и тоа што му ја дадоа „седмицата“ која во овој клуб има големо значење.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Трансферот на Кавани го коментираше неговиот сонародник Диего Форлан и го спореди со Ибрахимовиќ.
„Кавани е фантастичен играч. Не сум видел пад во неговата играм, тој е големо засилување за Манчестер Јунајтед исто како што беше Златан. Едисон е таков тип на играч, верувам и дека позитивно ќе влијае на младите фудбалери. Во кариерата освои многу трофеи и постигнуваше голови каде и да играше“, изјави Форлан.