Едисон Кавани остави зад себе судир со Нејмар, но влезе во нов и тоа со соиграчот од репрезентацијата Луис Суарез.
Иако Уругвај славеше над Боливија со 4:2 и обезбеди пласман на Мундијалот, отворени се проблеми, кои никако не му одат во прилог на националниот ти.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Со денови во центарот на вниманието беше судирот помеѓу соиграчите од ПСЖ, Нејмар и Едисон Кавани. Тие двајца не беа во добри односи, бидејќи не можеа да се договорат околу тоа кој ќе го шутира пеналот. Немирите траеа со денови, но ситуацијата се смири кога со преграта ја прославија победата против Баерн во ЛШ.
Сепак, не мина долго, а Уругваецот влезе во нова тивка војна, овојпат со соиграчот од репрезентацијата. Имено, тие двајца имаа недоразбирања кога Суарез фати тежок волеј, а Кавани нешто му дофрли. Веднаш се појавија тврдења дека Нејмар го свртел својот некогашен соиграч од Барселона против Кавани.
Дека нешто помеѓу напаѓачот на Уругвај не штима, се забележа нешто подоцна. Луис Суарез постигна погодок и скоро сите му честитаа за тоа. Сите, освен Едисон Кавани кој се упати кон центарот.