Дома Трансфер зона Кавани блиску до Мадрид, формира тандем напаѓачи со друга легенда

Кавани блиску до Мадрид, формира тандем напаѓачи со друга легенда

Мадритска „Марка“ повикувајќи се на свои извори тврди дека Едисон Кавани е блиску до пристигнување во Мадрид. Не се во прашање Реал или Атлетико, туку Рајо Ваљекано кој во последната сезона заврши на 12-тата позиција.

Според „Марка“ играњето во Ла Лига е долгогодишна желба на 35-годишниот Уругваец, кој во кариерата има постигнато 418 гола за Палермо, Наполи, ПСЖ, Манчестер Јунајтед и уругвајската репрезентација.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Неговиот договор со Јунајтед истекува на крајот на месецот и тој наводно се понудил на Рајо, но единствен проблем му се финансиските побарувања кои ќе мора да се намалат за да може мадридскиот да го доведе.

Доколку дојде до реализација на ваков трансфер во предградието на Мадрид ќе се формира тандем напаѓачки легенди со оглед на тоа дека таму веќе е Радамел Фалкао кој во овој клуб пристигна минатото лето. Ќе потсетиме голот на Рајо го чува македонскиот голман Столе Димитриевски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал тргнува по дефанзивец на Тотенхем

Реал Мадрид сака да ја засили одбраната во зимскиот преоден рок, а најново име на списокот…