ММА шампионот се врати во родниот град после победата во УФЦ.
Херојот на Дагестан пристигна дома и таму беше пречекан од министерот за спорт и многу пријатели и роднини. Како што е познато Кабиб после борбата објави дека се повлекува.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„,Многу сум среќен што објавив дека се повлекувам. Сметам дека така е најдобро, да заминам додека сум на врвот. Тоа малкумина го прават, практично никој. Секако знаев дека во наредните години ќе морав да донесам таква одлука. Направив повеќе од доволно да ме сметаат за најдобар борец во историјата во УФЦ, така мисијаа е остварена. Татко ми кажа – кога јас ќе заминам, ќе се појави нов шампион“.
Кабиб откри и дека размислувал да се повлече од борбата поради здравствени проблеми.
„Да, тоа беше пеколна битка. Тој меч за мене беше личен, работа на принцип! Едвај го поминав кампот, пред две недели бев болен, завршив во болница, потоа го скршив прстот на ногата. Размислував да се откажам, но некако пронајдов сили и покрај таа скршеница која ја заработив 14 дена пред борбата“, изјави Кабиб.