Кабиб Нурмагомедов во интервју за руска телевизија најави дека кон крајот на месецот повторно ќе се сретне со шефот на УФЦ, Дајна Вајт.
Пензионираниот непоразен шампион во лесна категорија се сретна со Вајт во текот на минатиот месец кога беа борбите во Абу Даби. Тогаш фановите на Кабиб ширум светот се надеваа дека тоа може да биде знак дека Кабиб се враќа во рингот, но за сега нема најави од страна Кабиб дека тоа ќе се случи.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
На нивниот последен состанок Кабиб кажал дека е многу подобар од останатите борци во својата дивизија и цврсто останал на ставот дека повеќе нема да се бори затоа што тоа го ветил на неговата мајка.
„Сметам дека Дастин Поарје би требало да го добие појасот за шампион во оваа дивизија“, изјави Нурмагомедов во интервјуто.
Американските новинари претпоставуваат дека Вајт ќе се обиде да го убеди Нурмагомедов да се врати на борбите, меѓутоа такво нешто изгледа тешко може да се случи.