Eдно од најпознатите имиња во боречкиот свет е Кабиб Нурмагомедов. Многу се пишува за борба на Нурмагомедов со Флојд Мејвердер, сега Дагестанецот истакна дека е спремен да прифати таква борба.
Кабиб изјави дека ако некој сака да се бори со него треба да дојде за ММА, меѓутоа кога е Флојд Мејведер во прашање тој е спремен да направи исклучок.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Дагестанецот прифаќа борба со Мејведер со тоа што една рунда би била по ММА правила, а 11 по боксерски.
„Веќе сум кажал дека јас не сум боксер и дека ако некој сака да се бори со мене треба да дојде во ММА. Но, за Мејведер ќе направам исклчок. Прифаќам борба во која 11 рунди ќе се бориме по боксерски правила и една рунда од пет минути по ММА правила. Сметам дека Мејведер не може да ме нокаутира во 11 рунди бокс. Може ли тој да ме запре во пет минути мои правила?“, изјави Кабиб.