Поранешниот УФЦ шампион Дејвид Кормиер откри дека Кабиб можел да му ја скрши раката на Гатје во втората рунда, но во последните моменти се одлучил да не го прави тоа.
Ќе потсетиме Кабиб го совлада Гатје во втората рунда и ја одбрани титулата после што објави дека оди во пензија. Сега Кормиер откри дека Кабиб можел на поинаков начин да ја заврши борбата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Разговарав со Кабиб. Го гледаше интервјуто на Џастин во текот на неделата кога изјави дека во никој случај нема да ја предаде борбата. Кога тргна да ја заврши работата, сакаше да победи со „армбар“, тоа беше омилениот потег на неговиот татко. Кога дојде во позиција да направи „армбар“ не сакаше да го направи тоа за да не го повреди ривалот пред неговите родители. Знаеше дека Џастин немаше да се предаде па во таква ситуација ќе мораше да му ја скрши раката“.
„Ти се колнам, така ми кажа. Не сакаше да го повреди пред родителите затоа само го успа. Тоа е лудо. Треба да си посебно способен да размислуваш за такви работи во тие ситуации. Го успа бидејќи знаеше дека ќе се разбуди и веднаш ќе биде добро“, изјави Кромиер.
Khabib Nurmagomedov put Justin Gaethje to sleep with his triangle choke. ?
— theScore (@theScore) October 24, 2020
(?: @espnmma) pic.twitter.com/5b9BxYyhsj