Дома Останати Ракомет И Червар се жали: На тренинг одиме, како да одиме во војна

И Червар се жали: На тренинг одиме, како да одиме во војна

Ракометната репрезентација на Хрватска утре ќе го игра својот прв натпревар на Светското првенство, а противник ќе им биде Јапонија.

Ковид-19 им создаде големи проблеми на организаторите на ова првенство и до сега пристигнаа многу критики. Освен коронавирусот, тука се проблемите од безбедносен аспект.

Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Звучи неверојатно, но репрезентацијат на Хрватска е сместена во хотел кој нема пристап до интернет!?

„Одиме на тренинг,а шест оклопни возила се околу нас, како да одиме во војна. Никогаш не сум бил на ваков турнир, никој од нас не бил. Тешко е да се опише што се случува, меѓутоа момците се прилагодуваат и се надевам дека ќе се ослободиме од притисикот против Јапонија. Сега кога нема публика барем е лесно да се воспостави комуникација помеѓу играчите и стручниот штаб, не мораме да се надвикуваме“, изјави Червар па зборуваше за проблемот со интернетот.

„Добро, јас сум малку постар и го познавам времето кога немаше интернет. На младите им е малку потешко, не е тоа некој голем проблем“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Амбициите на Охрид се шампионски: Пристигна и првиот пивот на грчката репрезентација!

Eкипата на Охрид продолжува сериозно да се засилува за наредната сезона во која ќе влезат …