Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека трансфер политиката на овој клуб се раководи според дефиниран буџет кој не овозможува во секој момент да се доведе врвен фудбалер.
Сити долго време беше заинтересиран за Алексис Санчез кој на крајот се пресели во Манчестер Јунајтед каде ќе заработува 350.000 фунти неделно.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Доколку сакаш да се натпреваруваш во четири различни натпреварувања, мораш да се соочиш со повреди. За да бидеш успешен во сите натпреварувања ти требаат 22 топ фудбалери, но тоа е прескапо за секој клуб, па и за Манчестер Сити“, изјави Гвардиола.
Гвардиола вели дека Сити моментално не може да издвојува суми од 100 милиони фунти за доведување на еден фудбалер.
„Моментално не сме во состојба за еден фудбалер да платиме 80 или 100 милиони фунти, но тоа може да се промени во иднина“, заклучи Гвардиола.
Сити е само на чекор од доведување на Емерик Лапорте од Атлетик Билбао за сума од 65 милиони евра.
Поради тоа медиумите ваквата изјава на Гвардиола ја нарекоа „лицемерна“ бидејќи каталонскиот стратег во летниот преоден рок потроши приближно 300 милиони евра на засилувања.