Екипата на Лајпциг ја заврши работата околу доведување на младиот фудбалер од Бразил, Луан Кандидо.
Италијанските медиуми претходните месеци пишуваа за него, наводно Јувентус испратил и официјална понуда за овој 18-годишен лев бек, но на крајот не успеаа да го доведат во своите редови.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Многу европски гиганти го следеа Кандидо кој во Бразил го нарекувата уште и „новиот Марсело“, а меѓу клубовите кои испратија официјална понуда беше и Манчестер Сити.
Сепак, младиот Бразилец очигледно не го интересираат пари, туку сака добро да ја гради својата кариера, па ги одби споменатите гиганти и кариерата ќе ја продолжи во Лајпциг. „Кикер“ пренесува дека трансферот е договорен и дека медицинските прегледи ќе бидат оваа недела, а финансиските детали не се познати, иако се смета дека трансферот ќе чини околу 10 милиони евра.
Очигледно, Германците поставиле одлични успови за фудбалерот на Палмеирас кој е стандарден член на помладата селекција на Бразил.