Дома Фудбал Репрезентации И Грузија во огромни проблеми: На Вајс му отпадна и шести играч!

И Грузија во огромни проблеми: На Вајс му отпадна и шести играч!

И репрезентацијата на Грузија има големи проблеми пред вечерашниот натпревар со Македонија од 20:45 часот на Националната Арена. Селекторот на Грузија не може да смета и на Торнике Окриашвили што е веќе шести играч на кој Владимир Вајс не ќе може да смета.

Вчера вечер грузиските медиуми објавија дека Окриашвили се пожалил на повреда па селекторот Вајс не сакал да ризикува со него за повредата да не стане уште посериозна бидејќи за неполн месец Грузија ќе не пречека во финалето за пласман на Европското првенство.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Пред Окриашвили од составот на Грузија отпаднаа: Гиорги Чакветадзе, Гурам Кашиа и Отар Какабадзе, се повредени додека Јаба Канкава е супсендиран поради жолти картони, додека Гиорги Абуранџија во договор со неговиот клуб Овиедо е ослободен од овбрските за националниот тим.

Ќе потсетиме кај нас надвор од конкуренција за овој меч се Бејтулаи, Адеми и Тошевски поради повреди, Муслиу е суспендиран, додека Ферхан Хасан по барање на неговиот клуб се врати во Финска. На вчерашниот прес селекторот Игор Ангеловски изјави и дека Стефан Спировски најверојатно нема да игра откако не го издржал последниот тренинг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Вирално видео од навивач на Бодо Глимт: Погледнете што правеше на натпреварот (Видео)

Бодо/Глимт е најголемата сензација во Лигата на шампионите. Норвешкиот тим ја заврши групн…