Дома Фудбал Италија Итен состанок во Серија А: Се прекинува ли првенството?

Итен состанок во Серија А: Се прекинува ли првенството?

Со оглед на новонастанатата ситуација и позитивните случаи на коронавирус во Серија А и односот на ТВ куќите ќе се одржи нов итен состанок на раководството на Серија А.

Позитивни играчи има во Фиорентина, Сампдорија и Милан и тоа ги натера сите 20 клубови да повикаат состанок на кои ќе имаат свои претставници. Состанокот е закажан за во среда.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Сите клубови претходно истакнаа дека сакаат да го продолжат првенството, но на состанокот ќе се разгледуваат и некои други сценарија како и целосен прекин на првенството.

Основната тема на состанокот ќе биде како клубовите би требало да се постават кон ТВ куќите кои имаат право на пренос на натпреварите од Серијаа А. Ако првенството не продолжи, очекувано е ТВ куќите да не им исплатат на клубовите 233 милиони евра за права на пренос за оваа сезона.

Некои клубови се спремни да ги бараат парите на суд. Меѓутоа ако првенството се прекине тешко дека клубовите ќе ја добијат битката.

До овој момент од топ 5 првенствап рекинатата е само француската лига. Таму шампионот, патниците во Европа и клубовите кои ќе испаднат се одредија по актуелната ситуација на табелата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака Камавинга

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за ѕвездата на Реал Мадрид, Едуардо Камавинга. Ру…