Дома Фудбал Репрезентации Италија во проблеми пред натпреварот со Швајцарија

Италија во проблеми пред натпреварот со Швајцарија

Со натпреварот денеска помеѓу Швајцарија и Италија започнува нокаут фазата на Европското првенство, но бранителот на европскиот трон пред овој дуел се соочува со проблеми.

Спалети има „главоболки“ околу составувањето на последната линија. Калифиори, дефанзивецот кој покажа најмногу на ова првенство во одбраната на Италија е суспендира, левиот бек Димарко е повреден и дефинитивно не е спремен за настап, а под знак прашалник е и Бастони.


Роналдо - човек рекорд! Франција и Белгија во дербито на денот! ↓↓↓


„Тоа е она што го имаме на располагање. Калифиори нема да може да ни помогне, за Бастони се надевам дека ќе го имаме на располагање, чекаме да видиме што ќе кажат докторите. Димарко има проблем и дефинитивно е аут“, изјави Спалети.

Италијанците најавуваат дека фудбалерот на Рома, Манчини ќе го замени Калифиори, додека како замена за Димарко шанса може да добие Камбијасо од Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Не е само пласманот во четвртфиналето: Де Ла Фуенте испиша историја со победата над Грузија

Репрезентацијата на Шпанија вчера со победа од 4:1 се пласираше во четвртфиналето на Европ…