Дома Фудбал Останато Италија во Палермо или Болоња ќе ја пречека Македонија во баражот

Италија во Палермо или Болоња ќе ја пречека Македонија во баражот

Репрезентациите на Италија и Македонија на 24-ти март ќе играат бараж за пласман на Светското првенство, а се уште не се знае во кој град ќе се игра мечот.

Според „Газета дело Спорт“, Палермо се одвојува како голем кандидат да го организира мечот, доколку на последната проверка во Барбера одговорот биде позитивен.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Доколку Федерацијата е задоволна од увидот на „Ренцо Барбера“, главниот град на Сицилија ќе биде домаќин.

Алтернатива е Болоња со „Ренато Дал Ара“, стадион што има капацитет од нешто над 38 илјади места.

Италија и Македонија играа само еднаш досега  во 2017 година на стадионот на Јувентус во Торино и мечот заврши без победник 1:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Дарко Велковски го прекина договорот со Зрињски, следна дестинација ќе биде – Вардар!?

Македонскиот дефанзивец Дарко Велковски го прекина договорот со Зрињски Мостар, па сега е …