Дома Фудбал Италија Италијанците тврдат: Јувентус повторно може да биде исфрлен во Серија Б

Италијанците тврдат: Јувентус повторно може да биде исфрлен во Серија Б

Вчера се случи вистински бум во Италија откако комплетната управа на Јувентус даде оставка. Причините не се потврдени, меѓутоа се шпекулира дека заминувањето е поради истрагата за финансиски малверзации со вредноста на трансферите.

Под истрага освоен Јувентус се уште Наполи и Сампдорија, меѓутоа кај „старата дама“ има сомнеж за дополнителни малверзации. Во 2020 година за време на пандемијата на 23 првотимци на Јувентус потпишале анекси договори за намалување на платата во тешкиот период.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Меѓутоа во обвинителството се тврди дека тие анекси биле фиктивни, а Јувентус тие пари на играчите им ги исплатил на незаконски начин со што не плаќал данок за таа сума.

Порталот „Фудбал Италија“ истражува и не ја исклучува можноста Јувентус повторно да биде исфрлен во понизок ранг како во 2006 година. Тоа е можно ако биде утврдено дека со финансиските малверзации се помогнало Јувентус да го регистрира тимот за натпреварување во Серија А.

Од клубот си замина претседателот Андреа Ањели, потпретседателот Павел Недвед, извршниот директор Маурицио Аривабене…Новите имиња кои ќе бидат поставени од Елкан ќе бидат познати до 18. јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Анчелоти: Реал Мадрид е најголемиот клуб во историјата

Карло Анчелоти е еден од тренерите со најбогата историја и во својата кариера седеш на клу…