Дома Фудбал Репрезентации Италијанците се одлични домаќини – фановите во Палермо одиграа и фудбалски натпревар 🎥

Италијанците се одлични домаќини – фановите во Палермо одиграа и фудбалски натпревар 🎥

Македонија денес го игра првиот историски бараж за Мундијал, а за противник го имаме актуелниот Европски шампион против кого играме на гостински терен во Палермо.

Секако Италијанците се фаворити, но далеку од тоа дека Македонија превреме ќе се откаже.  Мора да се признае Италијанците се покажаа како одлични домаќини, како на репрезентативците, така и на македонските фанови кои ќе навиваат во Палермо. Ни посакаа и среќа, но сепак тие се надеваат на успех на својата репрезентација.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Како загревање за вечерашниот натпревар во организација на нашите фудбалери Илија Несторовски и Александар Трајковски, како и Роберто Тодаро од Палермо Ц5 се одигра пријателски натпревар помеѓу фановите. Натпреварот на крајот заврши со победа од 4:3 за Италијанците, а ние промашивме пенал за изедначувањее. Пред натпреварот беа интонирани и химните на двете репрезентации.

Илија Несторовски поради малата минутажа во Удинезе после тешката повреда не доби повик од селекторот Благоја Милевски. За луѓето во Палермо тоа е чудно и не им е јасно како играч како Несторовски со сето свое искуство и квалитет може да остане без повик за еден вака важен натпревар. Италијанците на отсуството на Несторовски гледаат како на минус за Македонија, а нивна предност.

Натпреварот помеѓу Италија и Македонија се игра вечерва од 20:45 часот, а ќе потсетиме победникот од овој дуел и пресметката Португалија – Турција ќе играат финален бараж на 29. април.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Ван Нистерлој добива понуда од Премиер лигата

Руд ван Нистерлој беше помошник на Тен Хаг во Манчестер Јунајтед, а потоа и на четири меча…