Дома Трансфер зона Италијанците откриваат: Јувентус одбил трампа Роналдо – Кавани

Италијанците откриваат: Јувентус одбил трампа Роналдо – Кавани

Како што откриваат италијанските медиуми Јувентус одбил трампа со Манчестер Јунајтед кога веќе било јасно дека Роналдо заминува, поточно дека се враќа на „Олд Трафорд“.

Манчестер Јунајтед прво го понудил Едисон Кавани, меѓутоа Јувентус не ја прифатил таквата понуда.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Зошто Јувентус не го сакал „Ел Матадор“?

Проблемот не е во неговите квалитети, минатата сезона постигна 17 гоилови, туку во Јувентус процениле дека не им е неопходен затоа што веќе почнале разговори со Кин, кој би имал помала плата.

Кавани не го сметале за решение затоа што има плата девет милиони нето, нешто што во Јувентус не го сакале. Алегри го сакаше Икарди, меѓутоа ПСЖ одби да преговара.

На крајот во Торино пристигна само Кин, па ќе видиме како тоа ќе влијае во текот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Реал руши рекорди за Салиба

Реал Мадрид е подготвен да направи рекорден договор за централен дефанзивец со ангажирањет…