Според информациите на новинарот на „Калчомеркато“, Фабрицио Романо, спортскиот директор на Јувентус, Фабио Партичи во овие моменти е во Амстердам и ќе присуствува на натпреварот од осминафиналето помеѓу Ајакс и Реал Мадрид.
Партичи пристигнал за да го гледа младиот стопер на Ајакс, Матијас Де Лихт и да разговара за потенцијален трансфер со управата на холандскиот гигант.
Fabio Paratici is at Ajax v Real Madrid to scout De Ligt ?
(via Sky Italia) pic.twitter.com/ytOOh0h9zL
— Italian Football TV (@IFTVofficial) February 13, 2019
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Де Лихт е еден од најценетите младите дефанзивци во Европа и веќе некое време се поврзува со Јувентус.
Меѓутоа не се само Италијанците заинтересирани за неговите услуги. Барселона и Пари Сен Жермен исто така се споменуваа како потенцијални дестинации за Де Лихт. Барселона веќе го договори неговиот соиграч Де Јонг за наредната сезона, меѓутоа засега изгледа „старата дама“ е најблиску до услугите на Де Лихт.
Де Лихт оваа сезона одигра 34 натпревари за Ајакс во сите натпреварувања и постигна три гола и запиша две асистенции.
Иначе претходно се пишуваше дека Де Лихт веќе имал неколку состаноци со управата на Јувентус. Едниот од нив наводно се одржал кога овој фудбалер го доби големото признание „Златно момче“ 2018 година.
Оваа награда се доделува токму во Италија од реномираниот „Тутоспорт“.
19-годишниот играч на Ајакс, до првото место во изборот на новинарите, стигна пред Џастин Клајверт од Рома и Трент Александер-Арнолд од Ливерпул.
https://www.youtube.com/watch?v=GqPsndIojKg