Дома Фудбал Останато Италијанците не престануваат: Таткото на Меси пристигнал на преговори во Милано!?

Италијанците не престануваат: Таткото на Меси пристигнал на преговори во Милано!?

Во овие моменти изгледа невозможно, но веќе со месеци се шпекулира дека Меси може да ја напушти Барселона.

Поголем дел од мислењата се дека о тоа нема да има ништо, меѓутоа Италијанците не престануваат да пишуваат.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Калчомеркато“ утрово пренесува дека таткото на Аргентинецот, Жорге Меси сериозно ја разгледува опцијата за трансфер и дека дури пристигнал во Милано на почетни преговори.

Се наведува дека богатите Кинези се спремни да направат потрес во фудбалскиот свет и да направат нешто слично како кога Кристиано Роналдо пристигна во Јувентус.

Наводно од Интер му понудиле опција да потпише договор на четири години вреден 260 милиони евра.

Меси така би бил далеку најплатен играч во светот и би заработувал скоро двојно повеќе од Роналдо во Јувентус. Сепак, да се убеди Меси да ја напушти Барселона е нешто што е тешко, но во Интер очигледно не се откажуваат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

ВИДЕО Навивачите истрчаа на теренот и започнаа лудо славје. Потоа останаа шокирани со гол во 95-та

Голема борба за влез во првата лига се води во Холандија. Враќање во елитното друштво обез…