Вкупно 85 милиони евра Ливерпул му плати на Саутемптон за Вирџил Ван Дијк кој со тоа стана најскапиот дефанзивец во историјата.
Меѓутоа, три дена после тоа, Ливерпул е распнат, од сите страни стигнуваат тврдења дека Холанѓанецот е преплатен, а во Италија веројатно беа најбрутални.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Имено, според Италијаните сите дефанзивци на Јувентус вредат повеќе од Ван Дијк. Еден Даниеле Ругани кој е на маргините во „старата дама“ има само еден настап помалку од Ван Дијк, а е и три години помлад.
„Ако Ван Дијк вреди 85 милиони евра, колку тогаш вреди Бенатија за кој Јувентус на Баерн му плати 20 милиони евра“, се прашуваат италијанските новинари.
Јавноста во оваа држава тврдат дека Ван Дијк не би бил ниту резерва во Јувентус, а покрај Миранда и Скриниар би бил во втор план и во Интер, па и во Милан каде што предност би имале Бонучи и Ромањоли.
Во текстот на италијанските новинари не се зимаат предвид Киелни и Брзаљи кој имаат огромно искуство и преголема класа.