Дома Топ вести Италијанско дерби за Пулишиќ

Италијанско дерби за Пулишиќ

Офанзивниот фудбалер на Челзи, Кристиан Пулишиќ готово сигурно ова лето ќе го напушти клубот.

24-годишниот Пулишиќ не е задоволен од својот статус во Челзи и малата минутажа која ја добива, па сака да ја промени средината.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Новиот тренер на Челзи, Маурисио Покетино дал зелено светло за негова продажба бидејќи Пулишиќ не влегува во неговите планови.

Притоа Американецот влегува во последната година од договорот, па „сините“ се спремни да слушнат понуди на лето.

Главната битка за неговиот потпис ја водат италијанските гиганти Милан и Интер, па голема е веројатноста да се пресели во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…