Дома Фудбал Италијански медиуми: Зидан е фаворит за клупата на Баерн

Италијански медиуми: Зидан е фаворит за клупата на Баерн

БАЕРН го тресе голема криза. По поразот од лидерот Баер Леверкузен (3:0), по кој актуелниот шампион ја зголеми разликата до единствениот конкурент за титулата, и загубениот прв натпревар од првата нокаут рунда од Лигата на шампионите кај Лацио (1:0 ), следеше нов шок. Баерн загуби и од просечниот Бохум (3:2) во Бундеслигата за трет пораз во низа. Последен пат тоа му се случило во пролетта 2015 година.

Се погласни се гласините дека Томас Тухел нема да дочека една година на клупата на Баерн. Тој кон крајот на март минатата година стана тренер на најголемиот германски клуб и веднаш испадна од Лигата на шампионите и Купот, а германската титула ја освои само затоа што Борусија Дортмунд неверојатно му ја предаде. Баерн сега заостанува осум бода зад лидерот од Леверкузен.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Главни кандидати за замена на Тухел се Ханси Флик, нивниот поранешен тренер и до септември минатата година селектор на Германија и тренерот на Баер, Чаби Алонсо, кој само од лето може да го преземе тимот.

Сепак, италијанскиот „Кориере дело спорт“ пренесува дека еден од фаворитите за преземање на клупата на баварскиот гигант е легендарниот Французин Зинедин Зидан (51).

Тој е без клуб од 2021 година откако ја напушти клупата на Реал Мадрид каде беше исклучително успешен, а досега никој не успеа да го заинтересира за повторно активирање. Наводно, Зидан очекувал дека би можел да стане нов селектор на Франција, но тешко дека Дидие Дешам наскоро ќе ја напушти таа функција, па Зидан повторно се врти кон клупскиот фудбал.

Според италијанските медиуми, раководството на Баерн стапило во контакт со Зидан уште пред осминафиналето на Лигата на шампионите против Лацио и покрај поддршката од јавноста за Тухел. Со оглед на ситуацијата на Баерн во првенството и општата негативна атмосфера во клубот, веројатно не сакаат да го чекаат крајот на сезоната туку веднаш сакаат нов тренер, а Зидан е слободен и тренер кој покажа дека знае како се водат големи тимови кои создаваат резултати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арбелоа испрати порака која ќе го „стресе“ Мадрид, а го спомена и Мурињо

Реал Мадрид вечерва од 21:00 часот игра против Бенфика во натпревар кој носи огромен влог.…