Голманот на Аталанта, Пиерлуиџи Голини простигна во Лондон на лекарски прегледи и во текот на денот ќе потпише за Тотенхем.
Тотенхем постигна договор со Аталанта за трансфер на 26-годишниот голман, кој ќе се пресели на позајмица до 2022 година, но позајмицата може да биде продолжена за уште една година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Спарси“ во договорот имаат опција да го откупат голманот за 15 милиони евра, а со одреден број на настапи откупот ќе стане задолжителен.
Денес Голини треба да стави потпис на договорот и официјално да биде промовиран во нов играч на Тотенхем.