Дома Фудбал Италија Италијанските медиуми: Што се случува со Лаутаро? Повеќе не е истиот играч

Италијанските медиуми: Што се случува со Лаутаро? Повеќе не е истиот играч

Очекувањата дека Лаутаро Мартинез ќе биде клучна фигура во Интер оваа сезона не се остваруваат.

„Газета дело Спорт“ во денешното издание обрна посебно внимание за Аргентинецот и заклучи дека „не го положил испитот“.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Овој викенд „нероаѕурите“ беа без Ромалу Лукаку на мечот против Парма и нападот го предводеше токму Лаутаро, но тој покажа дека во овој момент не може да биде лидер на тимот.

Лаутаро нема постигнато гол од 4 октомври, што е 418 минути без гол или повеќе од четири натпревари.

„После паузата поради Ковид во пролетта Лаутаро не е повеќе истиот играч“, заклучи весникот.

Минатото лето Лаутаро беше поврзуван со трансфер во Барселона, а Интер бараше да биде платена неговата откупна клаузула од 111 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Дембеле постигна извонреден волеј. Погледнете го најновиот гол на Златната топка

УСМАН ДЕМБЕЛЕ (28) блесна во победата на домашниот терен на ПСЖ против Тулуз (3:1) во рамк…