Англискиот фудбалер Даниел Стариџ повеќе не може да трпи греење на клупата во Ливерпул, па одлучи работите да ги земе во свои раце во јануарскиот преоден рок.
Како што пренесуваат италијански Тутоспорт, Стариџ има намера да дојде во Интер со што му се понудил на клубот. Неговиот план е да игра во Интер до крајот на тековната сезона за да може да го осигура настапот на СП во Русија наредното лето.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Со обзир на тоа дека во Ливерпул не игра доволно во првиот дел од сезоната, шансите Стариџ да се вметне во составот за настап на СП се навистина мали, но со евентуално заминување од Енфилд шансите ќе се зголемат.
Од друга страна, Интер нема алтернатива за првиот напаѓач на екипата Мауро Икарди и сигурно добро би им дошло резервен напаѓач, а освен тоа Стариџ може да игра и во формација 4-2-3-1 која ја преферира тренерот Спалети.
Да потсетиме, Стариџ во досегашниот дел од сезоната одигра вкупно 14 натпревари во сите натпреварувања и постигна три погодоци и исто толку асистенции.