
Италијанските гиганти Милан, Јувентус и Интер покажуваат сериозен интерес за ѕвездата на ПСВ, Донјел Мален.
Овој 22 годишен фудбалер кој ја помина академијата на Ајакс и Арсенал игра одлична сезона за ПСВ и има постигнато 13 гола. Притоа веќе дебитираше со гол за холандската репрезентација.
Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Мален се промовираше во еден од најдобрите холандски таленти и на лето сигурно ќе направи трансфер во поголем клуб.
Неговиот агент Мино Раиола веќе имал контакти со италијанските гиганти, кои сакаат да го донесат во своите редови.
Напаѓачот во договорот со ПСВ има откупна клаузула од 50 милиони евра, но холандскиот клуб е спремен да го пушти за 25 милиони евра.