Италијанските гиганти Рома и Наполи се заинтересирани за услугите на фудбалерот на Борусија Мехенгладбах, Денис Закарија.




Станува збор за 24- годишен фудбалер од средниот ред кој импресионира минатата сезона со настапите во Бундеслигата.




До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Закарија може да игра на сите позиции во средниот ред, па токму поради тоа е голема желба на италијанските клубови.




Швајцарскиот репрезентативец одигра добро и на ЕУРО, а Мехенгладбах за неговата слобода бара 25 милиони евра.




Најсилен интерес за него покажува Рома, а Мурињо веќе стапил во контакт со фудбалерот и сака да го донесе во Рим уште во јануари.