
Италијанската легенда која работи во Кина денес доби отказ.
Сопствениците на Тианџин Куанџиан денес ја отпуштија италијанската фудбалска легенда Фабио Канаваро кој беше тренер на овој клуб.
Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
Канаваро во овој клуб пристигна летото 2016 година и со овој клуб од втората кинеска лига се избори за пласман во најсилната конкуренција во Кина каде што заврши на третото место со десет бода заостанување зад шампионот Гвангжу, а со тоа се избори и за пласман во квалификациите за Лигата на шампионите.
Првите информации говорат дека токму Гвангжу би можел да биде наредната станица на Канаваро. Во овој момент Гвангжу е предводен од Бразилецот, Луис Фелипе Сколари.
Вест за заминување од својот досегашен клуб ја потврди Канаваро на својот Твитер профил.