Дома Останати Тенис Историја: Ѓоковиќ го израмни апсолутниот рекорд на Штефи Граф!

Историја: Ѓоковиќ го израмни апсолутниот рекорд на Штефи Граф!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денес ја започна 377-та недела на врвот на АТП листата со што го израмни рекордот на Германката Штефи Граф.

Сега на Ѓоковиќ му е потребна само една недела да стане апсолутен рекордер со недели поминати на врвот на АТП или ВТА.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Зад Ѓоковиќ и Граф, трета на листата е Мартина Навратилова со 322 недели, потоа Серена Вилијамс со 319, па Роџер Федерер со 310 на петтата позиција.

Во топ 10 се уште Пит Сампрас со 286, Иван Лендл 270, Џими Конорс 268, Крис Еверт 360, додека Мартина Хигинс и Рафаел Надал на врвот поминаа по 209 недели.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Синер гази, брка подвиг каков што никој не направил девет години!

Италијанскиот тенисер Јаник Синер оствари победа над Александар Зверев со резултат 2:0, со…