Дома Останати Ракомет ИСТОРИЈАТА СЕ ПОВТОРУВА: Штербик повторно ќе ги спасува Шпанците!

ИСТОРИЈАТА СЕ ПОВТОРУВА: Штербик повторно ќе ги спасува Шпанците!

Арпад Штербик повторно ќе ја спасува ситуацијата во репрезентацијата на Шпанија!

Штербик и официјално ќе го замени повредениот Родриго Коралес кој го завршува турнирот во Данска и Германија.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Интересно што ова практично е повторување на историјата. Штербик и минатата година и се приклучија на „Фуријат“ во завршницата на Европското првенство. Тогаш Шпанија стигна до титулата, па сега селекторот Рибера се надева на ист ефект.

Иначе, Коралес вчера се повредил така што на тренингот врз него паднало рекламо пано.

Освен оваа Рибера направи и уште една измена во составот, така што го изостави Дани Душебаев, а на негово место шанса ќе добие Јоси Гоњи Леоз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Даде гол на дебито во новиот клуб, па порача: Сега не е време да се зборува за Реал

Ендрик, фудбаалерот на Реал Мадрид кој во овој момент е на позајмица во Лион, проговори за…