Дома Фудбал Останато Историска одлука во Иран: На жените по 40 години им се дозволува влез на стадионите!

Историска одлука во Иран: На жените по 40 години им се дозволува влез на стадионите!

Во иранскиот фудбал во новата сезона ќе се случи голема промена бидејќи на фудбалските натпревари по 40 години ќе биде дозволено присуство на жени.

Веста официјално ја потврди претседателот на Фудбалската федерација на Иран, Мехди Таџ.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


„Голема промена во новата сезона ќе биде тоа што жените ќе можат да влегуваат на стадионите и да ги гледаат натпреварите од машкиот шампионат“, потврди Таџ.

Повеќе од 40 години во Иран не е дозволено присуство на жени, но во 2019-та година беше направен исклучок кога на жените им се дозволи да присуствуваат во натпреварот од квалификациите за Светското првенство против Камбоџа. Тогаш бројот на жени беше ограничен на 4.000, натпреварот се играше во Техеран.

Одлуката за забрана за присуство на жените на стадионите беше донесена во 1979 година затоа што за една дама не било соодветно да гледа мажи во кратки шорцеви.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Леброн го прескокна Џабар на вечната листа, сега пред него има само уште еден кошаркар

Леброн Џејмс е на добар пат да собори уште еден рекорд во НБА лигата. Кошаркарот на Лос Ан…