Вчера официјално истече позајмицата на Одион Игало од Шангај Шенуоха во Манчестер Јунајтед.
Договор за продолжување на неговиот престој на „Олд Трафорд“ не се постигна, а најголем проблем е цената.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Игало во последниот ден од преодниот рок пристигна на позајмица во Манчестер Јунајтед, но прашање е дали неговата желба да остане до крај на сезоната ќе се исполни.
Тој одигра осум натпревари во дресот на Манчестер Јунајтед и постигна четири гола што е добар статистички податок.
Нигериецот и лично бараше од клубот да го остави до крајот на позајмица во Манчестер Јунајтед, меѓутоа ќе видиме дали тоа ќе се случи.