Саудиските клубови летово направија вистински бум на трансфер пазарот, а Ал Хилал се обидуваше да го доведе Виктор Осимен.
Можеби успеаа да се засилат со Нејмар, но Нигериецот остана само желба за богатиот клуб од Саудиска Арабија. Де Лаурентис остана на ставот Осимен и оваа сезона да настапува во светлосиниот дрес.
Последно коло - кој шампион, кој во ЛШ, кој со награди на Fantasy!? ↓↓↓
Понудата која ја испратил Ал Хилал изнесувала 200 милиони евра. Француски „Л’Eкип“ сега го открива разговорот на газдата на Наполи со луѓето од Ал Хилал.
„Со 200 милиони евра можете да купите само едно стапало на Виктор. Следната година испратете понуда од 500 милиони евра и можеби ќе размислиме“, одговорил Де Лаурентис.