Дома Фудбал Останато Исповед на едно од најчудните заслувања на Реал: Не верував, им спуштив телефон – немам време за глупости!

Исповед на едно од најчудните заслувања на Реал: Не верував, им спуштив телефон – немам време за глупости!

Поранешниот француски репрезентативец Жулиен Фаберт своевремено играше за големиот Реал Мадрид.

Додека настапуваше за Вест Хем доби повик Реал Мадрид, сепак Фаберт тогаш баш и не верувал дека навистина го бараат од Реал.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Бев во тимскиот автобус додека патувавме кон „Аптон Парк“ да играме против Фулам. Добив повик од еден Французин од Реал. Тој ми кажа: Здраво работам во Реал Мадрид и разговаравме за тебе. Му одговорив дека имам важен натпревар и дека немам време за глупости. Го спуштив телефонот го одигравме натпреварот, а кога се вратив имав 30 СМС пораки и 50 гласовни пораки. Тогаш сфатив дека работата е сериозна“.

„Го повикав мојот менаџер и тој ми кажа дека мораме да разговараме со претставници на Реал Мадрид. Тоа беше во последниот ден од преодниот рок. Имав многу измешни чувства, но бев среќе – па тоа е Реал Мадрид! Кога сфатив дека сето тоа навистина сеслучува се молев преговорите да поминат во најдобар ред. Кога се беше договорено се вратив во Вест Хем да земам некои работи. Се поздравив со момците и почнав да се смеам. Тие зборува: Жулиен, тоа е Реал Мадрид, проклетиот Реал Мадрид! Се сеќавам дека Марк Нобл ме игнорираше, а јас му кажав: Марк во што е проблемот? Тој ми возврати: Не можам да разговарам со тебе, ти си играч на Реал, на повисоко ниво си од нас“, се потсети Французинот.

Во Реал Фаберт не се наигра за позајмицата од шест месеци собра само 56 минути,  но сепак тоа за него било големо искуство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Посакуваниот напаѓач потпиша за Јувентус

Јувентус официјално објави дека го привлекол напаѓачот Џонатан Дејвид. Канадскиот репрезен…