Дома Трансфер зона Искусниот дефанзивец го напушта Реал!?

Искусниот дефанзивец го напушта Реал!?

Шпанските медиуми пренесуваат дека на крајот на сезоната дефанзивецот Пепе најверојатно ќе го напушти Реал Мадрид.

„Кралевите“ во овој период ги продолжуваат договорите со своите ѕвезди и му понудле договор и на Пепе, меѓутоа дефанзивецот и раководството не можат да најдат заеднички јазик.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Имено, Пепе бара најмалку двегодишен договор, а Реал му нуди договор само на една година, па најверојатно на крајот на сезоната Португалецот ќе го напушти „Сантиаго Бернабеу“.

Најсериозно заинтересиран за 33-годишниот Португалец е Челзи кој е спремен на крајот на сезоната да му понуди двегодишен договор, бидејќи Пепе ќе биде слободен агент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…