Дома Фудбал Иско опериран, се огласија Реал и Лопетеги

Иско опериран, се огласија Реал и Лопетеги

Oд Реал Мадрид потврдија дека на нивниот играч за врска Иско Алкарон бил извршен опертивен зафат.

Шпанскиот се пожалил на восполаение на слепото црвено, поради што мораше да му биде извршена итна операција, поради што одредено време ќе биде надвор од терените.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Иско е успешно опериран. Операцијата беше направена под надзор на медицинскиот тим на Реал и ние ќе продолжиме да ја следиме неговата состојба“, соопшти Реал на својата официјална страна, а брзо опоравување на Иско му посака и тренерот Лопетеги.

„Операцијата е зад него. Му посакуваме се најдобро и што побрзо да се опорави“, порача Лопетеги.

Иско со сигурност ќе го пропушти натпреварот со Севилја, а не е исклучена можноста да не биде во комбинација и за настап против Атлетико и Барселона, натпревари кои се играат во наредниот месец.

На стартот од сезоната Иско на пет натпревари во Ла Лига постигна еден гол и запиша една асистенција, погоди и во Лигата на шампионите против Рома.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Терзиќ: Горди сме на помошта за братска Македонија

Звездан Терзиќ, генералниот директор на Црвена Ѕвезда, се обрати на јавноста по хуманитарн…