„Совршено владее со топката и исто така има одличен краток и долг пас, но и тешко ја губи топката. Еден од најдобрите играчи за врска во светот и игра на ист начин како што јас се обидував во Барселона и репрезентацијата“.
Вака големиот Чави говореше за Марко Верати, играчот за врска на ПСЖ и Италија, кој Барселона го назначи како наследник кој ќе го пополни местото по заминувањето на Чави. Еден од најдобрите плејмејкери во светот, во татковината го превзеде местото на уште еден гигант, Андреа Пирло. Верати е пофален не само поради умтеничкиот квалитет, туку и поради работните перформанси, агресивноста и одличната игра во одбраната.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Но, сите овие ингеренции, синоќа на натпреварот помеѓу Шпанија – Италија 3:0, во дербито во квалификациите за СП на „Сантијаго Бернабеу“, еден ривал му ги направи стари вести. Оној кој во неколку наврати го посрамоти овој играч, заслужва да го наречеме како полно име: Франсиско Римјан Аларкон Суарез, далеку попознат под уметничкото име. Иско.
Не се ретки оние кои во последниве месеци тврдат дека тој е најдобрито фудбалер во светот, а не Меси, Роналдо или Нејмар. Одличниот натпревар на Иско против Италија секако им даде право. А неговиот најдобар натпревар во досегашниот дел од кариерата добро ќе го запамети Верати. Но, да започнеме по ред. Иско во 13-та минута го постигна својот прв погодок од прекрасно изведен слободен удар. На 18 метри од голот, со десна нога го совлада Буфон, кој се обиде да ја фати топката, но не успеа.
Brilliant Free Kick Goal by Isco against Italy. pic.twitter.com/4bqcsyhWpd
— RM GIFs (@hbkmano) September 2, 2017
Вториот гол исто така беше мајсторски. На истото растојание од голот, како и за првиот гол, топката ја прими, но овој пат со десната нога ја префрли на левата и необранливо го погоди долниот лев агол на Буфон. Голманот на Италија не беше единствениот кој „можеше само да гледа“ како Иско погоди. Истото го направи и Верати, покрај кој Иско шутна и погоди.
Ladies and Gentlemen ISCO Again??pic.twitter.com/MThjk9t4aF
— N|O|J?? (@nanaohemengjnr) September 2, 2017
Во 67. минута Иско продолжи да го исмејува Верати така што му ја протна топката низ нозе и помина покрај него како да не постои. Секако, на воодушевување на полниот „Бернабеу“.